Валчак: Вардар е тим што не се одбива!

Најново засилување за европскиот шампион Вардар е полскиот репрезентативен пикер Патрик Валчак, кој доаѓа од тимот на Либек.

Тој за „Спортове Факти“ открива дека не размислувал многу кога ја добил оваа понуда од „црвено-црниот“ тим.

„Не се размислував многу долго за понудата од Вардар. Тоа клуб што игра во Лигата на шмпионите, во СЕХА лига и има одлични играчи како Дибиров и Вујин. Ќе има многу шанси за играње, ќе биде одлично искуство“, вели Валчак.

Полјакот имал разговори со клубови од Бундес лигата, но коронавирусот ги прекинал преговорите.

„Пред пандемијата, разговарав со клубови од Бундес лигата, но коронавирусот парализира се. Вардар беше заинтересиран од поодамна за соработка и на крајот се договоривме. Не се грижам за финансиите, уверен сум дека се ќе биде како што треба“, продолжува Валчак.

Тој ќе биде дел од триото со Столе Стоилов и Глеб Калараш, што ќе го изнесе товарот на натпреварите од Лигата на шампионите.

„Јас можам да играм и во напад и во одбрана. Стоилов е повеќе користен во нападот, Калараш во одбрана. Тренерот ќе знае да најде баланс“, завршува Валчак.