„Ваков ритам нема ни во НБА, ЕХФ не ја интересираат играчите – туку само парите!“

Еден од најдобрите хрватските ракометари на ова Европско првенство, Домагој Дувњак повторно го искажа своето незадоволство од расоредот на натпревари на континетнални собири.

„Тие го гледаат својот профит. Во втората група се играше и вчера и денеска. В петок е полуфиналето и еден натпревар во сабота. Тоа се четири меча во пет дена, ова го нема ниту во НБА лига. Играчите со години бунтуваат,но џабе. Првенството секогаш е пред здравјето на играчите, кои не можат да сторат ништо, единствено да го бојкотираат натпреварувањето, но тоа нема никогаш да се случи. Не знаеме веќе што играме. Сето ова е поради парите и тоа е нормално, но зошто мора да биде баш вака. Ракометарите се повредени, на крајот првенството ќе го освојат најнеподготвените, а не оние кои најдобро играат“, изјави Дувњак.

Членовите на хрватската, шпанската и германската репрезентација утре заедно со сите луѓе од ЕХФ што ќе работат на завршниот викенд од Европското првенство, во 11:00 часот заминуваат за Стокхолм, а прес конференција со сите полуфиналисти ќе има во 17:00 часот.