Важни три бода за Јуниор Кисела Вода пред дербито со Астраион

Ракометарите на Јуниор Кисела Вода го надиграа тимот на Риниа М со што дојдоа до важни три бода во трката за место во плеј-оф и со ова останаа високо на табелаа во Групата 1. Јуниор славеше со 34:30 така што не дозволи изненадување.

Четирите гола предност беа обезбедени уште во текот на првите 30 минути во кои Јуниор Кисела Вода имаше 18:14, па во вториот дел само се чуваа истите.

Инаку, натпеварот се играше во салата „Македонско сонце“ поради зафатеност на салата во која обично Јуниор Кисела Вода игра како домаќин. Тоа не беше пречка за да се дојде до три бода така што победнички ќе се дочека дерби дуелот против Астраион в среда во „Круме Кепески“.

Најефикасен играч во победничкиот тим беше Благопетров со десет гола, додека пет имаше Трајковски.