Буџетот е намален, па Будуќност носи само млади ракометарки

Црногорскиот шампион Будуќност за новата сезона реши да донесе засилување од домашниот шампионат. Буџетот на Будуќност е намален, па раководството на клубот реши повеќе шанса да им се даде на потенцијалните репрезентативки на Црна Гора.

Нова ракометарка во екипата на Бојана Поповиќ ќе биде средниот бек од Левалеа, Наташа Чоровиќ која беше на поширокиот список на ракометарки за црногорскиот состав за Олимписките игри во Токио.

Младата ракометарка од Никшиќ најверојатно ќе биде втора опција на позицијата среден бек. Минатата сезона беше трет стрелец во црногорската лига и покажа солидни партии против нејзиниот нов клуб.

Покрај Чоровиќ, Будуќност во претходниот период ги ангажираше и Бруна Зрниќ, Илда Кепиќ, Ивана Митровиќ и Анастасија Бабовиќ. Тренер на екипата за наредната сезона останува Бојана Поповиќ.