Бутел ќе игра против Ѓенѓеш и против 1.000 домашни навивачи

Тимовите на Ѓенѓеш и Бутел Скопје ќе ја отворат новата сезона во европските клупски натпреварувања.

Двата натпревари од првото квалификациско коло на Лигата на Европа меѓу унгарскиот и македонскиот тим, ќе се одиграат на теренот на Ѓенѓеш в петок и сабота.

Домаќинот ќе пушти во продажба само 1.000 влезници, што ќе важат за двата меча по цена од 5.000 унгарски форинти (околу 500 денари). Гледачите ќе бидат поделени на два дела од трибините во салата „Андраш Фејес“.

Сите гледачи во салата мора да ја носат Ковид анкетата што треба да ја симнат од сајтот на Ѓенѓеш и да ја пополнат пред влезот, каде што ќе им биде измерена температура, а задолжително е носењето на маска.

Првиот дуел меѓу Ѓенѓеш и Бутел се игра в петок, на 28 август од 19:00 часот, додека реваншот е утредента од 18:00 часот.