Бутел Скопје ја отвори сезоната на Гази Баба (ФОТО)

Во групата на екипи кои денеска почнаа со подготовките за следната сезона се најде и составот на Бутел Скопје. Ракометарите на тимот кој во новиот шампионат ќе игра од 1. коло во Лигата на Европа првиот собир го имаа на Гази Баба каде што можеа да го одработат и првиот тренинг.

Ова е старт на тренинзите, а главното ќе следува за две недели кога тимот ќе биде дел од турнирот во Струга и ќе има можност да ја провери формата односно да се види до каде е стигнато со работа во подготовките.

Сите ракометари се подготвени за работа, единствен кој доцни еден ден е Сергеј Сулима. Десниот бек треба да се приклучи во текот на утрешниот ден.

Со ова тандемот Грчевски-Јанев имаше можност да почне со одработувањето на планот за тренинзи за новата сезона.