Бутел Скопје триумфираше против Металург

Тимот на Бутел Скопје славеше во пријателскиот натпревар над Металург со 32-30 во натпревар кој се играше во три третини по 20 минути.

Двајцата тренери, Кристијан Грчевски и Иван Марковски, комбинираа и им дадоа шанса на сите ракометари што беа во ростерот.

Кај Бутел Скопје недостигаа капитенот Бојан Спасовски, Саша Пулјизовиќ и Владимир Јевтиќ, додека за Металург не настапија Кевин и Оливие Њокас.

Следниот пријателски натпревар за екипата на Бутел Скопје ќе биде в петок против македонскиот претставник во Лигата на Европа, Пролет.