Бутел Скопје мисли на иднината – нови договори за тројца млади ракометари

Тимот на Бутел Скопје пред стартот на новата сезона ја продолжи соработката со тројца млади ракометари.

Станува збор за левиот бек Илија Пејковски, левото крило Филип Бошковски и кружниот напаѓач Стефан Јовевски.

Сите тројца ракометари ја продолжија верноста за уште три сезони, па ќе останат во Бутел Скопје до 2026 година.

Тренерот Горан Кузманоски има екипа што е комбинација на младост и искуство, а нов тест по контролите во Србија ќе биде настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“.