Бутел Скопје и Вардар јуниор отвораат нова рунда од Супер лигата

Со натпреварот меѓу Бутел Скопје и Вардар јуниор денеска се отвора новото коло од Супер машката лига. Се работи за средби од 12. коло кои ќе се играа до среда со оглед на тоа што в недела Металург ќе го игра реваншот од Купот на ЕХФ против Горење.

Денеска на првиот меч составот на Бутел Скопје ќе биде во предност бидејќи гостите нема да можат да сметаат на дел од играчите со оглед на тоа што некои се заминати со првиот тим на Вардар на гостувањето во Белорусија.

Сепак, ова нема да биде лесен дуел туку ќе има што да се види на теренот бидејќи и другите од Вардар јуниор ќе имаат што да покажат. Бутел Скопје, пак, после ремито во Радовиш нема право на кикс и тоа е најава за интересен дуел.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 12. КОЛО

ПЕТОК, 22 НОЕМВРИ

19:00ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР ЈУНИОР

Сала: Антон Димитров во Скопје. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје. Делегат: Драган Начевски од Скопје.

САБОТА, 23 НОЕМВРИ

12:00ч

МЕТАЛУРГ 2 – РАБОТНИЧКИ

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Камер Металари од Скопје.

17:30ч

СТРУГА – РАДОВИШ

Сала: „Тими“ во Струга. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Васко Дјакоски од Кичево.

НЕДЕЛА, 24 НОЕМВРИ

17:00ч

ОХРИД – ПЕЛИСТЕР

Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.

СРЕДА, 27 НОЕМВРИ

19:00ч

МЕТАЛУРГ – ПРОЛЕТ 62

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Металург 29 бода (369:283); 2. Охрид 28 (314:253); 3. Бутел Скопје 25 (304:265); 4. Пролет 23 (337:286); 5. Радовиш 16 (329:329); 6. Вардар јуниор 15 (307:333); 7. Пелистер 11 (283:288); 8. Работнички 4 (319:378); 9. Металург II 4 (307:378); 10. Струга 4 (252:328).