Бутел Скопје двата меча со Ѓенѓеш ќе ги игра во Унгарија

Тимот на Бутел Скопје двата меча од првото квалификациско коло во Лигата на Европа ќе ги игра на гостински терен.

Унгарскиот Ѓенѓеш ќе биде домаќин на првиот меч на 28 август во петок, а утредента на 29 август Бутел Скопје ќе биде формално домаќин.

Оваа одлука е донесена во координација со унгарскиот клуб и Европската ракометна федерација, а со цел да му излезе во пресрет на барањето на Ѓенѓеш.

Со оглед на пандемијата која владее и тоа што Македонија е во црвена зона, доколку Ѓенѓеш доаѓаше во Скопје, по враќањето ќе мораше да биде во 14 дневна изолација, а тоа повлекуваше одложување на средби од унгарското првенство.