Бутел Скопје го задржа искусниот пивот: Василевски потпиша нов договор

Ракометарот кој настапува на пивотменската позиција, а игра во редовите на Бутел Скопје, Кристијан Василевски ја продолжи соработката со клубот за кој игра во последните сезони.

Василевски потпиша договор на уште една година и останува дел од овој тим со кој ќе има можност и во новата сезона да игра во европските купови.

Тој е еден од поискусните во тимот, но и играч кој има клучно место во одбраната така што сигурно ќе биде од голема помош и во шампионатот кој треба да стартува на крајот од летото.

Со продолжувањето на соработката со Василевски полека се формира тимот за новата сезона и дефинитивно Бутел Скопје го задржува поголемиот дел од ракометарите кои играа и во последниот шампионат кој не можеше да биде финиширан на терен.