Бутел се раздели со четворица – Димов, Шокоски, Трајковски и Николиќ ќе имаат нови предизвици

Тимот на Бутел Скопје во новата сезона ќе влезе без четворица ракометари што лани беа од екипата.

Станува збор за пикерот Марко Трајковски, левиот бек Давор Шокоски, десното крило Мартин Димов и средниот бек Богдан Николиќ.

Трајковски, Шокоски и Димов имаа активни договори на уште една сезона, но со нив спогодбено е раскината соработката.

Нов договор не му беше понуден ниту на црногорскиот интернационалец Богдан Николиќ, кој претходно играше за Струга и Пелистер.