Бутел го задржа кадетскиот репрезентативен голман до 2026 година

Тимот на Бутел Скопје полека го привршува склопувањето на играчкиот мозаик пред стартот на новата сезона.

Голманот Наум Симјановски, кој се наоѓа на поширокиот список на кадетската репрезентација го продолжи договорот до 2026 година.

Симјановски минатата сезона имаше минутажа на суперлигашките средби, а сега ќе формира трио со Бојан Блажески и Александар Стојаноски.

Претходно бутелци го договорија тренерот Горан Кузманоски, ги донесоа левите бекови Марко Стојанов и Лука Иваниќ, како и десното крило Дамјан Георгиев.

Соработките беа продолжени со Кристијан Давитковски, Дејан Михајловиќ, Димитар Ѓоргиевски, Бојан Блажески, Стефан Крстевски и Владимир Јевтиќ.

Екипата ја напуштија Мирко Мајиќ, Мартин Манасков, Јовица Младеновски, Филип Ивановски, Златко Мојсоски и тренерот Кристијан Грчевски.