Бутел ги задржува најдобрите – нови договори за Печенковски и Мојсоски

Откако беше продолжен договорот со црногорскиот интернационалец Мирко Мајиќ, раководството на Бутел Скопје, ги продолжи договорите со уште двајца ракометари.

На нова едногодишна верност се обврзаа средниот бек Горан Печенковски и десното крило Златко Мојсоски.

Печенковски е член на Бутел Скопје веќе три години, додека Мојсоки дојде пред две сезони.

Наскоро се очекува уште неколку ракометари од ланската сезона да потпишат нова соработка, и да бидат обелоденети новите имиња во ростерот.

Бутел Скопје ќе биде еден од најмалку тројцата претставници на Македонија во Лигата на Европа следната сезона.