Будуќност работи со полна пареа: Раичевиќ се врати во Подгорица, пристигнува и Бразилка од Мец!

Женскиот ракометен клуб Будуќност продолжува да се засилува за наредната сезона. Црногорската репрезентативка Милена Раичевиќ и Бразилката Андриана Кардосо де Кастро во наредните две години ќе го носат дресот на овој клуб.

Раичевиќ последните две години го носеше дресот на турска Кастамона, а сега се враќа во клубот каде што настапуваше на почетокот на кариерата и со кој освои два трофеи во Лигата на шампионите.

Покрај Раичевиќ на двегодишна соработка се обврза десното крило Кардосо де Кастро која во Подгорица пристигнува од француски Мец. Во кариерата настапуваше и за репрезентацијата на Бразил, а беше член и на шпанска Бера Бере.

Треба да се спомене и дека управата на клубот договори продолжување на договорите со голманката Армел Антигире, како и црногорските репрезентативки Ивана Павичевиќ и Нина Булатовиќ, како засилување пристигна и јуниорската репрезентативка на Бугарија, Мари Пламенова Томова.