Будуќност донира 6.800 евра за борба против коронавирусот

Ракометарките, вработените и стручниот штаб на црногорскиот шампион Будуќност издвоија финансиски средства за поддршка на борбата против коронавирусот.

Вкупно се собрани 6.800 евра кои како донација се уплатени на сметката на Националното координативно тело за заразни болести на Црна Гора за борба против вирусот.

Освен финансиска поддршка од Будуќност испратија и порака преку mnerukomet.me до сите за поефикасно справување со корона вирусот.

„Ова е можност членовите на нашиот колектив да ги поканат сите наши поддржувачи и граѓаните на Црна Гора да ги почитуваат превентивните мерки и препораки на надлежните државни институции, со цел да се зачува сопственото и здравјето на нивните семејства, но и на сите жители на нашата држава. Да се заштитиме себе си, нашите најблиски и заедно го победиме КОВИД-19“.