Будуќност ги прекина подготовките, цела екипа оди во изолација

Шампионот на Црна Гора, Будуќност на својот сајт објави дека мораше да ги прекине подготовките за новата сезона, а причината е сосема нормална за овој период и се работи за позитивен тест на коронавирус.

Една од ракометарките на Будуќност имала симптоми на Ковид 19 и поради тоа била подложена на тестирање. После добиениот позитивен тест за да не се препушти ништо на случајот целиот тим оди во изолација и поготовките се прекинуваат.

Ова го менува планот на тренерот Драган Аџиќ така што ќе мора да го поместува планот кој го имаше за работа во овој период од подготовките.

Засега не се соопштува името на ракометарката која е позитивна на тестот за Ковид 19.