Будимир: Шлагелсе ми е најголемата грешка во кариерата!

Андријана Будимир, како играч, може да се пофали со две титули во Лигата на шампионите, со Кометал Ѓ.П. и со дански Шлагелсе. И додека за некои ракометарки претставува привилегија да се биде дел од тимот на легендарната Ања Андерсен, за неа тоа е најголемата грешка во кариерата.

„На моите играчи не им дозволувам да го понижуваат противникот. Тоа е нешто што најмногу го мразев во Шлагелсе, кај Ања Андерсен. Ања сакаше секого да понижи, затоа и си заминав од клубот. Ние на загревање носевме маици на кои и напред и позади стоеше натпис на англиски јазик ’Навикни се, ќе загубиш’. Таа за тоа велеше дека е психолошки момент, но за мене беше понижување. Од мене и од Бојана (Поповиќ) бараше да дадеме гол со глава. Велеше ’Не ме интересира која на која ќе нафрли, постигнете гол со глава’. Кога ја прашувавме зошто, таа велеше ’Затоа што ми се може!’ Без разлика што со Шлагелсе освоив титула во Лига на шампиони и што имавме сè – од пиле млеко, тоа е најголема грешка во мојата кариера. Во тоа време имавме и наш паркет. Замислете паркет! Тој патуваше два дена пред нас со мајстори каде и да игравме во ЛШ низ Европа. Никому не му пречеше тоа затоа што паркетот имаше амортизација и сите сакаа да играат на таква подлога. Но, не е сè во парите!“

Во продолжение прочитајте го интервјуто со Андријана Будимир…

ИНТЕРВЈУ АНДРИЈАНА БУДИМИР: Сакам како селектор на машка репрезентација да освојам медал на големо натпреварување