Брестовац: Слабиот старт на вториот дел го реши победникот!

Македонија загуби од Чешка со 27-25 во второто коло од Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, но шансите за место во вториот круг сепак остануваат, но ќе мора да ја победиме Австрија во последниот натпревар.

„Слабиот старт на вториот дел го реши натпреварот и тука е причината што го загубивме мечот“, изјави Брестовац.

Македонија ја чека уште еден натпревар против Австрија, на која мораме да победиме доколку сакаме место во вториот круг, но ќе мора да ни се поклопат и резултатите од другите натпревар.