Брестовац: Овој меч ми зададе прашалник, можат ли Талески и Кузманоски заедно во постава?

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац имаше опширно излагање после вториот натпревар против Грузија. Победата од 29:28 секако е причина за да биде задоволно, но јасно е дека ќе има уште работа.

„Сликата сега е поширока и можам да видам кој колку може да придонесе за репрезентацијата. Не само сега за овој собир туку и за следниот за Европското првенство, но и за во иднина. Го имаме Кизиќ од 2001 година, мораме да бидеме реални дека момците на овие четири натпревари покажаа дека сакаат да го носат дресот на најдобрата репрезентација на Македонија. Имаме пет ракометари кои не беа повикани во националниот тим“, изјави Брестовац.

Има и поголем број на играчи кои се во комбинација за настап во националниот тим.

„Конкуренцијата се заострува. Можеби не следната, но за 2-3 години ќе биде чест и предизвик да играат за најдобрата репрезенција. Ќе продолжиме вака со чести собири и натпревари. Тоа ќе биде можност да се одигра на високо ниво, да се игра за репрезнертација и да се побараат повеќе варијанти. Штета за Велковски што се повреди. Вчера одигра добро, а му требаше уште еден натпревар за континуитет. Сега можеме да кажеме дека имаме играчи кои можат секого да заменат во оваа репрезентација. Талески, пак, одигра денеска далеку подобро отколку вчера.

Интересно е и прашањето кое му е останато од денеска после вториот меч.

„Овој натпревар ми остави прашалник, а тоа е дали Талески и Кузманивски се компатибилни кога играат заедно. Танкоски се наметнува за игра со Талески, а Крстевски со Кузмановски. Можеби нешто ново, Можеби Мишевски ќе може да игра со двајцата. Штета што немаме повеќе време до ЕП за повеќе средби и да го провериме“.

Покрај тоа во тимот наскоро ќе се вратат уште неколку од поискусните кои се повредени, па ќе биде уште подобра можност за посилен состав.

„Базата ја имаме. Важно е да не се плашиме дека ќе немаме кој да замени некого. На пивот се враќа Столе, тука ќе биде и Никола Маркоски. Жаре играше одлично на сите средби и напредува одлично и сигурно заслужува повече минутажа во напад. Позади Кире е прашањето, но и тука имаме момци кои доаѓаат. Сигурно нема да го достигнат стадиумот набрзо на кој Кире игра за репрезентација, но на таа страна која не ни е покриена добро доаѓаат Јагуриновски, Серафимов, Валковски, Ставревски… Со добра работа за 5-6 години ќе имаме добра и комплетна репрезентација. Имаме проблеми во фаза на организација на играта, но мислам дека можеме да се покриеме со Танкоски, Крстевски, Мишевски… Ми делува стабилно нема осцилации во одбрана и може да се употреби на ЕП. Ќе почекам да видам кој ќе биде здрав и подготвен за ЕП. Ме радува тоа што ќе имаме повеќе ротации за шампионатот“, изјави Брестовац после натпреварот со Грузија.