Брестовац може да здивне, резултатите од последните тестови се негативни

Откако вчера беа објавени имињата на тројца ракометари и тројца членови на стручниот штаб денеска се објавени резултатите од новите тестирања, па јасно е дека сите други играчи се подготвени за настап против Финска и Швајцарија.

Сите ракометари се негативни на новите тестирања така што тие ќе можат да се најдат на терен и да одиграат прво против Финска утревечер во „Борис Трајковски“.

Од петокот до вчера Брестовац имаше премногу грижи бидејќи никако не можеше да биде сигурен со каков состав ќе располага за првиот дуел од квалификациите за ЕП 2020. Секојдневно имаше вести кои говореа дека има позитивни и оттаму до денеска не можеше да биде ништо сигурно.

Затоа, сега е полесно и може да се одработи последниот тренинг според планот и да се влезе во квалификациите на најдобар можен начин. Веќе е добриена потврда и за гостите од Финска кои на располагање имаат ракометари исто така со негативни тестови, па утревечер не би требало да има никакви проблеми на натпреварот.

Инаку, средбата ќе се игра под посебен протокол, а за разлика од Лигата на шампиони каде што после средбите има прес-конференција тука не е предвидено да има ниту прес ниту друг брифинг на ракометарите и стручниот штаб со медиумите.