Брегар заминува – Крим ќе го води екс ракометарка

Поради лошите резултати во Лигата на шампионите, раководството на Крим одлучи да направи промена во стручниот штаб и како нов тренер ја назначи Наталија Дерепаско која работеше како помошен тренер во екипата од Љубљана во претходните години.

Крим пред самиот почеток на сезоната имаше големи амбиции во Лигата на шампионите, успеа своите редови да ги засили со звучни имиња како Андреа Лекиќ, Алисон Пино, Драгана Цвијиќ, но се чини дека лошиот старт на меѓународна сцена беше причина за прекин на соработката со Урош Брегар.

Двете страни се договориле спогодбено да ја раскинат соработката, а Дерепаско, поранешна репрезентативка на Словенија и Украина и една од клупските легенди на Крим, ја добива довербата да го спасува клубот во последен момент. Своевремено, Дерепаско секогаш имаше одлични партии против Кометал Ѓорче Петров во епските пресметки со Крим во Лигата на шампионите.

По пет одиграни кола во Лигата на шампионите, Крим се наоѓа на 7. позиција во својата група со негативен биланс од четири порази и само една победа.