Браќата Илиевски ќе ја стартуваат 2023 година со нова европска задача

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од Лигата на Европа и Европскиот Куп во женска конкуренција.

Македонската двојка Михајло и Методија Илиевски, добија нова задача на европските терените од куќата на ракометот.

Тие се делегирани да го судат натпреварот од осминафиналето меѓу турскиот Измир и израелскиот Макаби Аразим.

Овој натпревар ќе се одигра на 7 јануари од 14:30 во Измир, а делегат ќе биде Асгаров од Азербејџан.