Бразилецот Толедо не издржа ниту во Баја Маре, си заминува после една сезона

Поранешниот член на Вардар, Бразилецот Хозе Толедо после една сезона во редовите на Минаур Баја Маре ќе мора да си побара нов клуб.

Тој е еден од играчите кои си заминуваат од клубот и ќе мора да си побара нова средина.

Клубот официјално им се заблагодари за соработката така што е јасно дека Бразилецот, кој во Вардар повеќе беше на листата на повредени отколку што играше така што не успеа многу да се истакне и во Баја Маре, па брзо си заминува.

Толедо е играч кој има 27 години, а во 2014 година дојде во Европа. Една сезона мина во редовите на Грањолерс од Шпанија, а потоа од 2015 до 2019 година го носеше дресот на Висла Плоцк. Во сезоната 2019/20 играше за Вардар, но немаше многу настапи поради повредата.

После само една сезона го напушта и Баја Маре, па останува да се види кој ќе биде неговиот следен клуб.