Босанците со битолско трио против Австрија

Новиот селектор на машката ракометна репрезентација на Босна и Херцеговина, Ивица Обрван го скрати списокот на 20 ракометари за квалификацискиот натпревар против Австрија за пласман на Европското првенство 2022 година.

Меѓу избраните репрезентативци се наоѓаат и тројца ракометари од Еурофарм Пелистер – Јосип Периќ, Невен Стјепановиќ и Елмир Граџан, а од комбинација отпадна членот на Металург, Марко Тарабокија.

Денес започнуваат и подготовките на репрезентацијата на Илиџа. Натпреварот против Австрија ќе се одигра на 14 март во Бугојно.

На Европското првенство 2022 година пласман ќе обезбедат најдобрите две репрезентации од секоја група, а Босанците моментално се наоѓаат на второто место со два освоени бода.