Босанците без тренинг гостуваат кај Германија: Дали мораме и позитивни да играме?

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина се соочува со големи проблеми пред квалификациските дуели со Германија и Австрија. Во овој момент селекторот Билал Шуман на располагање има само 11 ракометари.

Меѓу нив не се членовите на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ и Елмир Граџан, кои останаа во Сараево.

И покрај барањето на одложување на овие натревари на БиХ, од ЕХФ решија дека мора да се игра.

Затоа се огласи капитенот на репрезентацијата Мирсад Терзиќ, кој е револтиран од тоа што за некои репрезентации може да се одложат натпреварите, а други мораат да играат.

„Имаме многу прашања, зошто? Не ги знам причините за одложување на другите натпревари, и зошто нашиот да не се одложи. Играчите не одработеа ниту еден тренинг заради позитини тестови меѓу ракометарите на собирот. Потполно е неприфатливо да ги испратиме ракометарите на натпревар без ниту еден тренинг против домаќините кои се големи фаворити. Сепак за резултатот во ваква ситуација не треба да се зборува. Во прашање е здравјето на момците кои беа во контакт со заразените. Што доколку се појават симптоми пред натпреварот во Германија, дали и позитивни мораме да играме? Очигледно Босанците мораат“, рече Терзиќ за Фејсбук страната на ракометниот сојуз на БиХ.

Првиот дуел на Босна и Херцеговина треба да се игра во Диселдорф против Германија на 5 ноември, додека вториот против Австрија во Бугојно на 8 ноември.