Боризовска имаше победнички старт со Умаг

Македонската репрезентативка Александра Боризовска имаше победнички старт на првиот интернационалец предизвик.

Нејзиниот нов клуб, хрватскиот Умаг забележа триумф на гостински терен против незгодната екипа на Осијек.

Умаг на Боризовска славеше со 22-23, со пресврт во второто полувреме, откако на пауза имаше негатива од два гола, 11-9.

Боризовска на овој натпревар постигна два гола од три обиди.