Боризовска игра во одлична форма, донесе бод за Умаг против Кока

Екипата на Умаг во која настапува поранешната ракометарка на Куманово, Александра Боризовска, во натпревар од првенството на Хрватска одигра нерешено против незгодната екипа на Кока, 32:32.

Иако екипата на Кока имаше два гола предност на две минути пред самиот крај, 32:30, сепак домаќинките се изборија за реми на крајот.

Боризовска беше меѓу најефикасните стрелци во составот на Умаг со шест гола од седум обиди, и погодуваше во финишот, кога нејзиниот тим се враќаше во игра.

Со освоениот нов бод, Умаг моментално се наоѓа на 8. позиција на табелата со девет освоени бодови. Умаг во следното коло ќе се соочи со екипата на Трешњевка.