Боризовска без промашување, Умаг со пресврт ја реши Желина

Тимот на Умаг, каде што настапува македонската интернационалка Александра Боризовска, славеше триумф во хрватскиот шампионат над Желина со 22-30.

Иако имаше големи проблеми во првиот дел против Желина, кога домаќинките го контролираа резултатот, сепак Умаг во второто полувреме направи пресврт и освои нови бодови.

Боризовска немаше промашување на овој натпревар и погоди четири пати од четири обиди.

Умаг сега има четири победи и четири порази во осум натпревари, а следен предизвик за Македонката и нејзиниот клуб ќе биде гостувањето кај шампионот Подравка.