Борзаш: Ни одговара што не сметаат за аутсајдери – ние знаеме дека не сме

По 18 години Еурофарм Пелистер како шампион на Македонија повторно ќе биде дел од најдобрите европски клубови и ќе игра во групната фаза заедно со 15 други екипи. Македонија имаше директно место во елитата, но многумина го сметаат тимот од Битола за аутсајдер.

Во група со македонскиот првак се уште и екипите на Алборг, ПСЖ, Кил, Колштад, ПИК сегед, Келце и Загреб. Во првото коло на 13 септември во Битола доаѓа норвешки Колстад. Тоа што некои сметаат дека Еурофарм Пелистер е аутсајдер за Борзаш не значи баш ништо.

„Ни одговара што сме аутсајдери. Ние знаеме како тренираме и колку напорно работиме. И ние знаеме дека не сме аустајдери. Ќе треба секој тим да се намачи кога ќе дојде кај нас. Тешка е групата, ама нема слаба екипа во ЛШ. Сите се заслужено тука. На домашен терен можеме да се носиме со многу екипи и тоа и ќе го покажеме, вели Борзаш во интервјуто за 24ракомет.

Урош Борзаш е Србин кој ги мина сите младински селекции на Веспрем, играше и за младите селекции на таа земја, а како сениор сега игра за Србија. Имаше двегодишен договор со Елверум, но поради Битола реши да го прекине. Сега во Битола треба да „тресе мрежи“.

Целото интервју на Борзаш погледнете го тука…

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!