Борец немоќен на гостувањето кај Партизан

Во дуелот помеѓу Партизан и Борец во рамки на 6. коло од групата 2 во Првата лига, домашните остварија убедлива победа со 32:23. Ова беше прва победа за составот од Гевгелија со која го оставија Борец единствен без бодови на последното место.

Гостите од Велес имаа сили да се спротивстават едно полувреме, во првиот дел се играше претежно израмнето со минимално водство и на двете страни. Сепак, на полувреме Партизан имаше предност 16:14.

Во вториот дел отпорот на Борец беше целосно скршен. Веднаш на почетоткот домаќините се одлепија на пет предност која до крајот на мечот знаеја како да ја задржат и да ја зголемат.  Со лесна рутинирана игра во финишот Партизан ја оствари првата победа во дербито на дното.

Предводник во победата на Партизан беше Тодор Узунчев со 13 гола, додека во екипата на Борец најефикасни со по пет гола беа Стојанов и Крстевски.

ПАРТИЗАН – БОРЕЦ 32:23(16:14)

Сала: 26 април во Гевгелија. Гледачи: 100. Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Чавдаров Васил од Богданци.

ПАРТИЗАН: Костадинов, Димитров, Р.Узунчев 7, Лисичков 4, Џалев 1, Трајков, Вегов 7, Динев, Јанев, Т.Узунчев 13, Митров.

Седмерци: /. Исклучувања: 6 мин.

БОРЕЦ: Крстевски, Димов, Митушев, Мазнев 1, Димевски 1, Чаушевски, Крстевски 5, Гочев, Стојанов 5, Мартинов, Андовски 1, јордановски 2, Јаневски 4, Сиљанов 3, Јаневски, Ристевски 1.

Седмерци: /. Исклучувања: 4 мин.