Борец и Младост постигнаа 66 погодоци

Тимовите од Првата лига имаат уште две недели до стартот на официјалните натпревари, па термините ги пополнуваат со пријателски средби.

Екипите на Борец и Младост Богданци, кој лани беше дел од суперлигашката конкуренција, одиграа интересен дуел во Велес.

Двете екипи постигнаа 66 погодоци, а мечот заврши реми, 33-33. Кај велешани се истакна Лазар Стојанов со девет гола, додека кај богданчани Караиванов постигна десет, а Роглев додаде уште седум гола.

Во новата сезона во Првата лига ќе играат 20 екипи, а ждрепката за двете групи ќе се одржи во вторник.