Болен реванш од Полска: Кадетите завршија со пораз, Македонија втора на ЕХФ шампионатот

Машката кадетска селекција на Македонија не успеа да дојде и до втора победа против Полска и заврши со пораз во финалето на ЕХФ шампионатот во Скопје откако загуби со 33:35. Во натпревар во противникот го имаше исклучително расположениот голман Корнел Познијак кој бранеше сè во последните 20 минути и не можеше до нешто повеќе.

Со оглед на тоа што добро се познаваат од натпреварот во групната фаза одигран во четвртокот, селекциите на Македонија и Полска тргнаа офанзивно од почеток. Головите ги имаше постојано, но и на двете страни при што многу лесно се реализираше, па голманите не можеа да дојдат до израз.

Во една ваква игра беше тешко и да се следи темпото, а уште потешко некоја селекција да направи поголема предност и да има мирно продолжение на натпреварот. Оттаму првиот дел беше во постојана резултатска тензија.

И двата состави имаа свои моменти и предност така што прашањето беше само кој ќе биде во минимално водство на одмор. На паузата немаше никој со позитива така што на одмор се замина со 17:17 што беше најава за уште повозбудливо продолжение на натпреварот.

Второто полувреме продолжи во ист стил. Полска сега беше во предност, но Македонија успеваше да парира до 36. минута кога резултатот беше 19:20. Тука следуваа четири гола во серија од Полска и убедливи плус пет во 41. минута така што следуваше претешка задача за Македонија во продолжение.

Тешко се следеше темпото, а голем проблем за ракометарите беше голманот Познијак кој бранеше неверојатно и запираше и многу потешки удари од она што можеше да се очекува. Во финишот противникот успеа да издржи и да ја сочува предноста така што дојде до победа на овој шампионат, додека Македонија ќе чека добри вести од ЕХФ за квалификации како второпласирана од ова натпреварување.

МАКЕДОНИЈА – ПОЛСКА           33:35 (17:17)

Сала: СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Судии: Рамеш и Суреш Тијагарајах од Германија. Делегати: Исгандар Асгаров од Азербејџан и Томо Водопивец од Словенија.

МАКЕДОНИЈА: Галевски (6 одб., 1 сед.), Ерманоски (2 одб.), Ташев, Па. Атанасијевиќ 4, Митев 7, Иваноски, Омерагиќ 3, Митревски, Стојчевиќ, Петковски 5, Ѓорговски 1, Пе. Атанасијевиќ 5, Манчески, Стојковиќ 2, Илиески 5, Савревски 1.

Седмерци:6/8, Исклучувања: 10 мин,

ПОЛСКА: Алај (1 одб.), Познијак (13 одб., 1 сед.), Томчак, Домагала 1, Новак 3, Видомски 4, Кравчик 7, Степиен 1, Сургил 1, Глушченко, Грачик 1, Кошник 3, Михалович, Бедзиковски 5, Молски 6, Рајхел

Седмерци: 1/3, Исклучувања: 16 мин.