Богдан Радивојевиќ си оди од ПИК Сегед – ќе го засили Монпелје?

Репрезентативецот на Србија и актуелен член на ПИК Сегед, Богдан Радивојевиќ во следната сезона ќе има нов интернационален предизвик, пренесува „RTH Handball“.

Српскиот ракометар со ПИК Сегед има договор до крајот на оваа сезона, па така во новата натпреварувачка сезона 2023/24 би го носел дресот на француски Монпелје.

Десното крило во ПИК Сегед настапува веќе четири сезони, а претходно го носеше дресот на Рајн Некар, Фленсбург и Партизан. Со екипата на Фленсбург во сезона 2013/14 го освои трофејот во Лигата на шампионите.

Монпелје на располагање на позицијата десно крило го има само Јанис Лене, тука е и капитенот Валентан Порт, но тој повеќе игра како десен бек, па Радивојевиќ би бил идеално решение за францускиот тим.