Богданчани замолуваат: Не го фрлајте ѓубрето од камиони пред сала!

Екипата на Младост од Богданци по десетина години играње во Првата лига, оваа сезона се врати во елитната конкуренција.

Сепак ракометарите имаат проблем пред стартот на натпреварите во Суперлигата со дел од граѓаните на Богданци.

Од Младост се огласија на социјалните мрежи со молба до граѓаните кои ги паркираат камионите на паркингот пред салата, да не го фрлаат ѓубрето во паркот на влезот од спортскиот објект.

Салата „Млаз“ секојдневно е втор дом на многу ракометари, кои на влезот на единствениот спортски објект во Богданци, мора да гледаат лоша слика.