Екипата на Струга имаше успешно гостување кај Македонија Ѓорче Петров во елиминациското коло од Купот на Македонија на кое славеа сигурна победа од 26:37 и се пласираа во следното коло.
Струга добро започна и од стартот најави дека нема да дозволи изненадување. После водството од 0:3 и 4:7, домашниот тим сепак успеа да се врати и да израмни. Но до крај на првиот дел гостите ја вратија предноста и имаа водство од 13:16 на полувреме.
Во второто полувреме Македонија ЃП немаше сили за пресврт, Струга рутински ја чуваше предноста и ја зголемуваше. Во финишот суперлигашот имаше и двоцифрена позитива и обезбеди пласман во следната рунда.
Најефикасен во составот на Струга беше Бобан Блажески кој постигна 12 гола и беше предводник на својот тим до победата. Стрелец на седум гола беше Ненад Костоски. Во екипата на Македонија ЃП по шест гола постигнаа Максимилијан Ѓиноски и Владимир Спировски.
Куп на Македонија, елиминациско коло:
*прочитајте го извештајот од секој натпревар со клик на резултатот
Охрид – Преспа 38-21
Металург – Јехона 44-22
Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19
Пролет – Кичево 51-21
Јуниор КВ – Куманово 32-29
Скопје – Текстилец 35-19
Работнички – Драчево 25-30
Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37
Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18
Астраион – Прилеп 25-37
Борец – Тиквеш 26-35
Бутел Скопје – Вардар Неготино 35-25
Шампион – Еурофарм Пелистер 13-40
Аеродром – Младост Богданци 29-24
Алкалоид – Радовиш 39-27