Благотиншек: Првиот натпревар на ЕП е секогаш мистерија, aма нема непознати со Македонија

На отварањето на Европското првенство Македонија ќе се игра против Словенија во рамки на групата А која се игра во Дебрецин, а ова не е првпат двете репрезентации да играат меѓусебе на големо натпреварување.

Во пресрет на првиот меч на првенството корпулентниот пикер на Словенија Блаж Благотиншек ги сподели своите очекувања од натпреварот со Македонија и стартот на шампионатот.

„Мислам дека направивме добри подготовки, и покрај тешките околности успеавме да реализираме сè што планираше селекторот. Единствено не ги одигравме пријателските дуели со Италија, одевме чекор по чекор и ќе видиме што постигнавме. Првиот натпревар на турнирот е секогаш мистерија. Очекувам добар натпревар и тежок дуел против Македонците бидејќи сме играле со нив неколкупати и немаме непознати“, рече Благотиншек.

Натпреварот помеѓу Словенија и Македонија се игра демесла во првиот термин на првенството од 18ч во Дебрецин.