Битолчани со трета победа во СЕХА – Еурофарм Пелистер покажа моќ среде Шабац!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа третата победа во регионалната СЕХА лига, откако славеа на незгодното гостување кај Металопластика во Шабац со убедливи 27-34.

Во првото полувреме битолчани отворија со водство 1-3, но потоа домашните возвратија за 4-3. Беше нов ред на избраниците на Бабиќ за 4-6, а до крајот на полувремето стигнаа и до плус три, 13-16, но погоди Тодоровиќ и на пауза се замина до 14-16.

Стартот на вториот дел беше клучен за победата на Еурофарм Пелистер. Најпрво Мандалининќ обезбеди плус четири, 15-19, а потоа и Костески зголеми на 16-21. По 18-21, одбраната на битолчани на чело со Чаневски не прими гол цели десет минути, а реализираа во нападот и веќе беше 18-27.

До крајот се броеја само головите, а тренерот Бабиќ им даде шанса за настап на сите ракометари, кои рутински ја одржаа високата предност за конечни 27-34.

Битолчани ги чекаат многу предизвици во следните две недели и борба на три фронта. Два дуели со Магдебург, па домашни дуели со Бутел и Вардар, пред новата СЕХА обврска против Татран.

18 март 2021
27 - 34
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
18 март 2021 16:20 СЕХА ЛИГА А 2020/2021 18.03.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЕТАЛОПЛАСТИКА1427Пораз
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1634Победа

МЕТАЛОПЛАСТИКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матеја Додиќдесно крило07
3Вукашин Воркапиќдесно крило00
4Марко Јевтиќпивот11
6Ѓорѓе Писариќцентрален бек04
7Марко Срѓановиќлево крило01
9Брана Мирковиќдесен бек02
10Филип Миловановиќлево крило01
12Милан Бомаштарголман00
14Вукашин Антонијевиќцентрален бек00
15Лука Иваниќлев бек05
16Страхиња Радисављевиќголман00
18Лука Митровиќцентрален бек00
19Дејан Миљковиќлев бек10
21Дејан Бабиќпивот00
22Урош Тодоровиќдесен бек05
24Марко Дошенпивот11
 Вкупно 327

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матео Марашдесен бек04
3Гоце Ојлескилево крило00
4Никола Маркоскипивот01
6Бојан Маџовскилево крило21
7Дејан Кукуловскилев бек00
9Стипе Мандалиниќлев бек05
13Мирко Радовиќдесен бек03
14Марио Танкоскицентрален бек01
16Благојче Трајкоскиголман00
18Јосип Периќцентрален бек05
19Ненад Костескидесно крило04
21Градимир Чаневскиголман00
24Милорад Кукоскилев бек00
30Мартин Велковскидесен бек01
59Елмир Граџанпивот07
66Милан Ѓукиќдесно крило02
 Вкупно 234
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ПАРТИЗАН00000
2ТАТРАН00000