Битолчани на пауза, подготовките за пролетниот дел стартуваат на 8 јануари

Со завршувањето на натпреварот од првото коло на групата А во СЕХА  лигата против Металопластика, завршија активностите на Еурофарм Пелистер за есенската полусезона.

Сите ракометари се на одмор, со исклучок на оние кои ќе бидат дел од националните репрезентации. Подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе стартуваат на 8 јануари.

По Божиќните празници тренерот Жељко Бабиќ ќе прозива во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола, каде ракометарите ќе тренираат неполни две недели.

Централната фаза на подготовки е предвидена од 20 до 30 јануари 2021 година, а веројатно база на екипата ќе биде Хрватска, а таму ќе бидат одиграни неколку пријателски натпревари.

Првиот натпревар во новата сезона предвиден е за 6 февруари, кога во рамките од второто коло на СЕХА лигата, Еурофарм Пелистер ќе гостува кај Загреб.