Битолчани без Мараш и Граџан, вардарци без Кевин Њокас, Чувара, Валчак, Диало…

Денеска со почеток во 18:00 часот ќе се одигра првото дерби во македонската Суперлига меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.

Двата тима ќе бидат со малку изменети ростери од вообичаено, со оглед на тоа што има ограничувања во поглед на странските играчи.

Битолчани ќе бидат без Елмир Граџан, Филип Ивановски, Матео Мараш и Дејан Кукуловски, но последниот натпревар ќе го одигра пивотот Томислав Кушан.

Кај Вардар ќе бидат отсутни Кевин Њокас, Анте Кудуз, Патрик Валчак, Јан Чувара, Бакари Диало, Али Сафар…