Битолските бисери Ристевски и Димовски со деби голови во Суперлигата (ВИДЕО)

На последниот суперлигашки натпревар меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Скопје, кој го добија битолчани со 28-19, деби голови за сениорската екипа постигнаа и двајца кадети.

Станува збор за левото крило Марко Димовски (2006) и кружниот напаѓач Самоил Ристевски (2006).

Двајцата важат за голема надеж на битолскиот ракомет и до минатата сезона работеа под палката на Фарук Мемиќ во кадетската екипа.

Од почетокот на сезоната се во ростерот на тренерот Александар Јовиќ, а вчера ги постигнаа своите деби погодоци во сениорска конкуренција.