Битола ќе гори на 1 мај: Фан-зона пред големото дерби, пренос на видео-бим…

Натпреварот што би требало да го реши прашање на шампионот на Македонија, меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра в недела на 1 мај од 19:00 часот.

Организаторот на мечот, Еурофарм Пелистер, најави дека пред стартот на мечот ќе има фан зона во градот, каде што ќе има забава за сите навивачи.

За оние што нема да стигнат до билети за големото дерби, битолчани најавија и пренос на натпреварот на видео-бим.

На првиот натпревар во плеј-офот, Еурофарм Пелистер стигна до триумф во Скопје над Вардар со 23-24, па сега има предност на табелата.

Двете екипи ќе одиграат уште по еден меч пред меѓусебниот двобој во Битола. Еурофарм Пелистер гостува кај Тиквеш во Кавадарци, додека вардарци патуваат во Охрид.