Билик се врати на терените – ќе биде подготвен за Вардар, ПИК Сегед, Алборг…

Левиот бек на Кил, Никола Билик имаше успешно враќање на ракометните терени и беше предводник на својот тим во победата над Алтенхолц со убедливи 40:25 на пријателски натпревар.

Репрезентативецот на Австрија иако отсуствуваше скоро една година поради повреда, на натпреварот против Алтенхолц одигра во одлично светло.

Билик заедно со неговиот колега, Руне Дамке беа најефкасни со осум постигнати гола. Освен одличната игра во нападот, Билик добро одигра и во одбраната.

Пред стартот на минатата сезона, Билик ги скина лигаментите на левото колено при тренинг во Грац. Младиот ракометар од 2016 година настапува за Кил, додека од 2014 го носи сениорскиот дрес на австриската репрезентација.

Кил во ЛШ е во група со Вардар, Алборг, Загреб, Елверум, Монпелје, Мешков Брест и ПИК Сегед, па Билик повторно ќе има шанса и во елитното натпреварување да ги покаже своите квалитети.