БЕЈБИ БУМ во Чеховски Медведи – три деца за три дена! (ФОТО)

Пред десетина дена, тимот на Чеховски Медведи го освои Купот на Русија откако во финалето славеше убедливо над ЦСКА Москва.

Сепак деновиве, покрај за тој трофеј, се славеше и за трите деца што го добија тројца ракометари на „мечките“ за три дена.

На 17 март пикерот Денис Василев доби син и го крсти Јарослав, додека ден претходно на 16 март десниот бек Дмитри Корнев доби ќерка.

За уште поголемо славје, на 18 март, татко стана и левиот бек Сергеј Марк Косоротов, кој доби син.