Беше понуден на Вардар, но некогашниот член на Металург оди во Висла Плоцк!

Српскиот десен бек Предраг Вејин, кој веше во една од комбинациите за засилување на Вардар, во новата сезона ќе игра за полскиот вицепрвак Висла Плоцк.

Вејин, кој своевремено една полусезона беше член и на Металург, последната сезона ја мина во израелскиот Рамат Хашарон.

Тој во Висла Плоцк би требало да биде замената за Словенецот Жига Млакар, а во овој тим дојде и Шпанецот Давид Фернандез, па останува нејасно дали Русинот Игропуло ќе остане во полскиот тим.

Вејин покрај Металург, настапуваше и за шпанскиот Адемар Леон во два наврати, српските Железничар и Металопластика, како и францускиот Данкерк.