Беше европски првак со Келце, а сега му се враќа на ракометот на 40 години!

Според полскиот „Спортове факти“, поранешниот среден бек на Келце и освојувач на европска титула со клубот, Грегор Ткачик на 40 години повторно му се враќа на ракометот.

Ткачик се очекува да биде претставен како играч на клубот Одлевнија Островиец кој се натпреварува во Втората лига на Полска.

Полјакот се повлече од активно играње ракомет во 2016 година откако со Келце ја освои титулата европски шампион. Тој исто така долго време беше дел и од репрезентацијата на Полска за која одигра 159 натпревари и постигна 549 голови. Во 2007 година на Европското првенство, Ткачик го освои сребрениот медал со Полска.

Тој за овие пишувања на полските медиуми имаше краток одговор кој остава неизвесност се до неговата официјална промоција која би требало да биде до крајот на неделата.

„Ниту ги потврдувам, ниту ги негирам овие информации за враќање на теренот. Бидете стрпеливи“, кратко изјави Ткачик.