Откако купуваа во Еурофарм Пелистер, Бенфика на шопинг и во Кил!

Португалската екипа Бенфика за која до неодамна играше македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски, очигледно е решена да го симне од престолот тимот на Порто.

Сезонава Бенфика не беше конкурентна ниту на Порто, ниту на Спортинг, па веќе се ослободи од ракометарите што не и беа потребни и започна да носи засилувања.

Најпрво ги ангажираше српскиот бек Лазар Кукиќ од Ла Риоха, како и левото крило на Иври, Мамаду Кеита. Потпис на договорот стави и пикерот на Данкерк, Словенецот Матиц Сухолежник, како и досегашниот ракометар на Еурофарм Пелистер – Ловро Јотиќ, кој се обврза на двегодишна верност.

Но, Бенфика не запира тука. Најновата аквизиција на тренерот Чема Родригез би требало да биде десното крило на Кил, Оле Рамел. Договорот на Германецот истекува на крајот на јуни, а со оглед на тоа што нема да биде продолжен, Рамел ќе прифати пиртугалската понуда.

Ако на овие играчи, ги додадете и староседелците, Тофт Хансен, Њокас и Ѓорѓиќ, тогаш станува јасно дека и Порто и Спортинг догодина ќе имаат сериозен конкурент во борбата за титулата во Португалија.