Бенфика го промовираше Гонзалес за нов тренер

Откако пред извесен период се појавија шпекулации дека помошниот тренер на ПСЖ, Хота Гонзалес, е блиску до договор со Бенфика, ланскиот освојувач на Лига на Европа го потврди трансферот на искусниот стручњак.

51-годишниот тренер од Шпанија клупата на Бенфика ќе ја преземе од тренерската палка на селекторот на Унгарија, Чема Родригез.

Гонзалес во редовите на најбогатиот европски клуб работеше од сезона 2018/19. Тој во ПСЖ му беше асистент на неговиот сонародник Раул Гонзалес.

Во својата тренерска кариера од 2007, па до 2018 беше предводник на Ла Риоха, клуб со кој покажа одлични резултати на европска сцена и во Асобал лигата.

Новиот тренер на  Бенфика во сезона 2010/11 и 2012/13 беше прогласен за најдобар тренер во Шпанија.

Бенфика во новата натпреварувачка сезона 2023/24 ќе влезе со изменет состав, бидејќи поголемиот број од клучните играчи ќе го напуштат клубот.

Наскоро во тимот од Португалија треба да биде промоцијата на репрезентативецот на Македонија, левиот бек Филип Талески.