Бенфика го претстави Боргес, но Монпелје постави блокада

Екипата на Бенфика направи презентација на пивотот, Алексис Боргес, но овој трансфер нема да биде така едноставен бидејќи од тимот на Монпелје сметаат дека тој сè уште не може да стане играч на клубот од Лисабон.

Од Монпелје реагираат бидејќи сметаат дека трансферот уште нема услови за да биде реализиран.

„Не се исполнети сите услови за негов трансфер. Ова соопштение е навремено. Ние не се разделуваме со нашите ракометари така лесно и без обесштетување. Зборуваме за неколку илјади евра. Уште ги чекаме парите да се најдат на нашата сметка“, стои во изјавата на на претставник на клубот.

Боргес кој беше мета и на Вардар пред една година минатата сезона ја помина во редовите на Монпелје, но брзо се реши да напушти, па од клубот бараат обесштетување за да може да замине во Бенфика.

Инаку, тимот од Лисабон го претстави на 8 јуни.