Белорусија со триумф над Австрија во неважен натпревар

Во натпревар кој немаше никакво резултатско значење, Белорусија обезбеди триумф против Австрија со резултат 29:26. Со освоената победа, ракометарите на Белорусија ја освоија третата позиција во рамките во Групата Д. И двете селекции го завршуваат настапот на Европското првенство 2022.

Австрија константно беше во солидна предност во првото полувреме. Водството на Австрија на моменти беше со највисоки четири гола предност, 11:7, 12:8 и 13:9. Ракометарите на Белорусија во завршниот дел од првото полувреме преку Кривенка го изрманиа резултатот на 14:14 и најавија понеизвесен натпревар.

Во последните пет минути игра од првиот дел се играше гол за гол, па така на полувреме резултатот беше 16:16.

И во второто полувреме неизвесноста на терен беше присутна бидејќи двете репрезентации беа во постојана резултатска бркотница и ниту една од нив не можеше да се одлепи на поголема разлика од три гола во вторите 30. минути.

Белорусија беше повеќе концентрирана во последните петнаесетина минути и успеа повторно да дојде до водство. По нерешениот резултат од 24:24, следуваа два погодоци на Белорусите за водство од 26:24 на седум минути пред крајот.

Австрија немаше доволно сили за камбек на натпреварот и мораше со пораз да се прости од Европското првенство.

18 јануари 2022
29 - 26
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
18 јануари 2022 22:11 EURO22 D 2021/2022 18.01.2022 60'

Место

„ОНДРЕЈ НЕПЕЛА“ БРАТИСЛАВА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БЕЛОРУСИЈА1629Победа
АВСТРИЈА1626Пораз

БЕЛОРУСИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
7Арцјом Кулакцентрален бек02
9Алех Астрашапкиндесен бек03
14Јаухен Никановичдесно крило00
16Вјачеслав Салдаценкаголман00
17Владислав Кривенкалево крило05
21Илја Усикголман00
25Виктор Зајцовпивот10
26Јури Луканчукпивот00
44Ихар Бијалијаускицентрален бек04
50Арцем Каралекпивот04
55Никита Вајлуповдесно крило08
62Кирил Самоилалев бек11
65Мацеј Уадавенијадесен бек00
74Вјачеслав Боканпивот00
77Јулијан Хириклев бек02
 Вкупно 229

АВСТРИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Александер Херманлев бек21
7Јанко Божовиќдесен бек17
8Роберт Вебердесно крило01
15Фабијан Пошпивот02
20Себастијан Фримеллево крило05
24Даниел Дикерлев бек00
25Марин Мартиновиќлев бек00
28Гералд Цајнерцентрален бек02
30Борис Живковиќдесен бек02
32Голуб Докниќголман00
39Ралф Патрик Хаузлеголман00
44Јулијан Ранфтлдесно крило02
45Ерик Дамбоклево крило00
53Никола Биликлев бек14
55Тобијас Вагнерпивот10
 Вкупно 526

ЕП 2022, ГРУПА Д – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1СЛОВЕНИЈА33006
2НОРВЕШКА31113
3ПОЛСКА31022
4ФАРСКИ ОСТРОВИ30121